28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates сака да го купи конкурентот Etihad?

Emirates сака да го купи конкурентот Etihad?

Арапската авиокомпанија „Emirates“ го разгледува стекнувањето на локалениот нерентабилен конкурент „Etihad“, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори. Потегот би го создал најголемиот авиопревозник во светот по сообраќај.

Разговорите, кои се во прелиминарни фаза, би довеле до купување на основниот бизнис на компанијата со седиште во Аду Даби, „Etihad“ од страна на „Emirates“. „Etihad“ би го зачувала делот за поддршка при таква зделка, посочуваат изворите кои побарале анонимност поради доверливоста на информациите. Преговорите сепак може да пропаднат пред вистинскиот договор, дополнуваат тие.

Секоја трансакција ќе бара одобрение од лидерите на најбогатите шеици во Обединетите Арапски Емирати. За Абу Даби, под чија територија се 6% од глобалните нафтени резерви, тоа ќе значи чекор напред во стремежот за реформа на компаниите контролирани од државата, додека земјата се адаптира кон пониските цени на нафтата.

Авиокомпаниите обично се „крвни“ непријатели, а деловите им се натпреваруваат да привлечат исти патници за долги летови меѓу Азија и Западот.

Портпаролката на „Emirates“ изјави дека компанијата не коментира шпекулации, повторувајќи ги зборовите и на портпаролот на „Eithad“. Ако се премине кон договор, новата авиокомпанија би била поголема од „American Airlines Group“, која е со пазарна вредност од 19,2 милијарди долари.

Обединувањето на двете компании ќе биде дополнителен доказ дека емиратите го консолидираат бизнисот, за да ја подобрат својата конкурентност. Компании во Абу Даби и Дубаи го формираа „Emirates Global Aluminium“ – еден од најголемите производители на алуминиум во светот, во договор вреден 15 милијарди долари во 2015-та година. Двете држави размислуваат и да ги здружат берзите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП