20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle лансира услуга за патници (видео)

Google лансира услуга за патници (видео)

„Google“ верува дека планирањето на одморот не треба да трае многу време. Со помош на услугата наречена „Touring Bird“, можете со леснотија да најдете забава на местото каде одите. Или засега во барем во 20 градови низ целиот свет.

Веб-страницата, адаптирана за мобилните уреди ќе ви помогне како да го потрошите вашето време во европски градови (Амстердам, Прага, Барселона, Лондон), а исто така и во Северна Америка (Чикаго и Торонто).

Во листата на дестинации, исто така, го гледаме и индискиот главен град Њу Делхи.

Од прв поглед се забележува дека сајтот е ориентиран кон туристите од англиското говорно подрачје. Затоа советите и препораките се на англиски јазик.

Не е исклучено со зголемување на популарноста на услугата „Google“ да го прошири јазичното мени и да ја дополни со нови дестинации.

Откако ќе се избере градот од списокот, потребно е да ја отворите неговата „карта“ за да најдете забава според вашите желби, листа на главните знаменитости, правците за пешачки прошетки, препораките од локални жители и најдобрите начини за користење на парите во сувенири и гастрономски авантури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП