26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Group продаде 7,3 милиони автомобили од почетокот на годината

Volkswagen Group продаде 7,3 милиони автомобили од почетокот на годината

Залагајќи се во електричната мобилност и новите модели, Групацијата „Volkswagen“ добро се справи со негативните ефекти од „Dieselgate“ и самоуверено се движи напред. За првите осум месеци од годината, компанијата продаде повеќе од 7,3 милиони автомобили, што е за 7,5% повеќе од истиот период во 2017-та година.

Европа останува најголем пазар за „VW“ групата, со продадени 3.155 милиони нови автомобили, што е за 9,9 отсто повеќе од минатата година. Раст е забележан и во азиско-пацифичкиот регион (6,8%) и во Јужна Америка (13,3%). Само во Северна Америка има мало намалување за 0,2%.

„Volkswagen Passenger Cars“ е најпродаван бренд на групата, со вкупно 4.138 милиони возила. За споредба, овој резултат беше 3.899 милиони во 2017-та година. Марката „Audi“ оствари зголемување од 5.5% на 1.286 милиони возила. Раст во продажбата забележаа „Skoda“ (11.4%) и „SEAT“ (21.9%) или 844.000 и 384.000 автомобили. Кај „Porsche“ зголемувањето е од 6,8% или 176 000 единици.

Раст исто така постои и во одделот за продажба на товарни вагони. За првите 8 месеци од 2018-та година, од комерцијалните возила на „VW Group“ беа продадени 323.000 примероци (+ 3.9%), „MAN“ – 69.800 (+ 23.1%) и „Scania“ – 56.000 (+ 7.6%).

Според аналитичарите, ако „VW Group“ ја задржи својата стапка на раст кон крајот на годината, таа ќе се врати на позицијата светски лидер, која во 2017-та година ја отстапи на Алијансата „Renault-Nissan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП