ЕКОНОМИЈА

Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2018 година.

Од вкупно 101 компанија, 72 завршиле со добивка, а 29 компании завршиле со загуба за првото полугодие од 2018 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.913.686.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 1.314.675.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 1.175.932.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком, Мермерен комбинат, Алкалоид, Охридска банка, Цементарница УСЈЕ, Макпетрол и УНИ банка.

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.