23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKoj e Лимак Холдинг- една од трите најбрзо растечки градежни компании во...

Koj e Лимак Холдинг- една од трите најбрзо растечки градежни компании во светот?

Магазинот ENR (Engineering News Record) го рангира Лимак на 68-то место во меѓународната листа на изведувачи за 2018 година.

Лимак Холдинг е светски-реномирана компанија базирана во Турција, специјализирана за сите типови на инфраструктурни и градежни проекти со вредност од повеќе од 10 милијарди долари, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, гасоводи, и угостителски и туристички објекти.

8 сектори во 18 држави

Формирана во 1976 година, Лимак Холдинг ги поставува силно посакуваните високи стандарди во секторите градежништво, туризам, цемент, инфраструктура, енергетика, храна и пијалоци, и авијација. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од 18 земји низ светот, и успева да го трасира патот за успех преку спојување на техничките познавања и долгогодишното искуство, квалитет и брзина, напредна технологија и креативност, општествена одговорност и деловна етика.

 

Скок во интернационалното рангирање

Со приближно 66,000 вработени и дејност во 8 различни сектори, Лимак е вброена меѓу трите најбрзо растечки градежни компании во светот. Како компанија која поставува силно посакувани високи стандарди во овие области, Лимак Холдинг е рангирана на 68-то место меѓу најдобрите 250 градежни компании заедно со градежните магнати од светска класа, според „Engineering News-Record” (ENR).

Примарните вредности во работата на Лимак Холдинг се функционалност, квалитет и иновација во градежништвото, но и целта да биде еколошки и општествено одговорна компанија чија мисија е да го унапреди урбаното еко-домување. Компанијата чие мото е “Квалитетот не е избор, туку обврска за нас”, последните неколку години освои огромен број меѓународни награди во сите нејзини сектори.

Уникатни проекти

Проектот за новиот аеродром во Истанбул, Чанаккале мостот од 1915 година, автопатот Северна Мармара во Турција, меѓународниот аеродром во Кувајт,  меѓународни аеродроми во Сенегал Дакар Блез-Дијајн се меѓу многуте проекти што се во тек.

Експертиза во градежништвото и работењето

Лимак го пренесе своето достигнување стекнато преку изградба и управување со меѓународниот аеродром Истанбул Сабиха Гокчен на Приштинскиот меѓународен аеродром Адем Јашари, и заедно со своите партнери го започна Истанбулскиот аеродромски проект, која е една од најголемите инфраструктурни инвестиции во турската историја. Дополнително, Лимак го редизајнираше и конструираше „LimakPort İskenderun”, еден од најмодерните и најголемите контејнерски терминали на Источниот Медитеран. Железничката станица за брзи возови во Анкара, првиот и единствениот проект за железничка станица за брзи возови во Турција, заврши и започна со работа во 2016 година.

Наскоро: Лимак во Скопје

Следниот предизвик со кој Лимак посебно се гордее е изградбата на елитен резиденцијален и комерцијален комплекс кој засекогаш ќе го промени градскиот живот во центарот на Скопје. Лимак Холдинг ќе изгради модерен, мултифункционален комплекс лоциран околу Старата Железничка Станица во Скопје, на просторот помеѓу булеварот „Св. Кирил и Методиј” и улицата „Јордан Мијалков”. Постојната зграда на Музејот на град Скопје, која е планирано да ја обнови Град Скопје, ќе биде автентично вклучена во комплексот. Во тек е изградба на подземен булевар кој  е дел од целиот проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП