29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ"AI" претставува поголема закана од терористичките напади

“AI” претставува поголема закана од терористичките напади

Ставовите кон вештачката интелигенција се различни, и додека некои тврдат дека напредната AI(Artificial Intelligence) технологија за човештвото ќе донесе само напредок, некои се подготвуваат да се вратат во пред-технолошкото време. Последната дискусија се одржа во Велика Британија, каде што некои експерти за вештачка интелигенција гледаат поголема опасност од глобалното затоплување, терористички напади или отпорност на антибиотици.

Поточно, се работи за тоа што побрзиот технолошки напредок не остава многу време за донесување на закони со кои би се ограничиле можностите кои ги има вештачката интелигенција, па стравувањата најчесто се поврзани со верувањето дека AI системите во одреден момент ќе почнат да ја преземаат работата од луѓето . Експертите предупредуваат дека не е доволно истражена оваа област, како и прашањето на безбедноста, па дебатата на овие прашања стана една од најважните теми кога говориме за иднината.

Наместо да разговараат за климатските промени, или зголемување на глобалната сиромаштија, меѓународните експерти од различни области се повеќе се свртуваат кон вештачка интелигенција, бидејќи тие веруваат дека ова ќе влијае врз сите други прашања. Како еден од аргументите се наведува вмешаноста на руските хакери за изборите во САД во 2016 година, бидејќи тој настан ја зголеми недовербата на граѓаните, како и кај експертите каде се подигна прашањето на кој начинот напаѓачите ќе се спречат во иднина да не напднат некој систем и да ја преземат контролата врз животите на граѓаните.

Четвртата индустриска револуција е веќе тука, во иднина да се роботи и AI, кои се нејзините главни точки, доста напредуваа во последниве години, па многумина сметаат дека работите се движат премногу брзо, и без соодветна рамка, која е основа на сите жестоки дебати, и причина да заборавиме на другите проблеми на планетата и на човештвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП