19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига на нации: Македонија го совлада Гибралтар(видео)

Лига на нации: Македонија го совлада Гибралтар(видео)

Репрезентацијата на Македонија го совлада Гибралтар на гости со 0:2 (0:2) во првиот натпревар од групата 4 на Лигата на нациите.

Иван Тричковски донесе водство за „црвено-жолтите“ во 19-тата минута по асистенцијата на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски.

Езџјан Алиоски го удвои водството во 35-тата минута по корнер на Енис Барди од десната страна.

Во второто полувреме нашата репрезентација ја контролираше играта, но не создаде посериозна шанса и до трет гол така и не дојде.

Следниот дуел го играме за три дена против Ерменија во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП