27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВината на Стоби барани на пазарот во САД

Вината на Стоби барани на пазарот во САД

 

Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината. 

stobi

Винаријата Стоби ја зголемува постојано својата продажба на пазарот на САД, преку пласирање на своите производи во неколку специјализирани маркети за вино во регионот на Чикаго. Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината.

“На прагот сме на огромен предизвик- претставување и ширење со производите во една од најголемите држави – потрошувачи во светот, а истовремено и еден од пазарите каде потрошувачите бараат исклучително висококвалитетни производи, вклучувајќи го и виното. Првичната пратка која беше испратена за САД е целосно откупена од маркетите за алкохолни пијалаци и веќе втората пратка на Вранец и Жилавка е на пат кон Чикаго, за кој се надеваме дека ќе претставува само почеток на нашиот пласман на вина во Америка“- изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс, во чиј состав е Винарија Стоби.

Пласманот на вината на Винарија Стоби на американскиот пазар е дел од иницијативата Balkan Wine Project – платформа креирана со цел да презентира и пласира вина од винариите во регионот низ американските маркети специјализирани за алкохолни пијалаци. Од винариите кои се дел од оваа платформа, Винарија Стоби е единствениот македонски претставник.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП