19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо Mercedes и Audi, и BMW ќе понуди електричен SUV

По Mercedes и Audi, и BMW ќе понуди електричен SUV

„Mercedes“ и „Audi“ во септември ќе ги претстават своите „SUV“ модели на електрична енергија, а по нивните стапки тргнува и „BMW“.

Баварскиот производител го претстави електричниот концепт „iX3“ оваа пролет на саемот за автомобили во Кина.

Возилото е базирано на стандардниот „X3“, со одредени дизајнерски специфичности, вклучувајќи малку поразлична маска на ладилникот, која инаку кај моделите на струја ја губи својата оргинална улога.

„BMW“ во меѓувреме започна да го тестира производствениот „iX3“ на јавни патишта, кој не им избега на папараците кои го фотографираа делумно „камуфлираниот“ прототип.

Техничките детали од серискиот модел не се познати, но се очекува слично на концептот и серискиот „iX3“ да има електромотор со моќ од 200 kw (272 KS) со чија помош може да помине повеќе од 400 km со едно полнење.

Капацитетот на погонските литиум-јонски батерии изнесува најмалку 70 kWh, a со суперполнач батерија од 150 kW ќе може да се полни само за 30 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП