27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola го купува синџирот кафетерии Costa за над 5 милијарди долари

Coca-Cola го купува синџирот кафетерии Costa за над 5 милијарди долари

Американската компанија за безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ го договорила купувањето на британскиот синџир на кафулиња „Costa Coffee“ за сума од 3,9 милијарди фунти (5,1 милијарди долари), влегувајќи силно во „битката“ која ја води со „Nestle“ и „Starbucks“ за глобален бренд меѓу ваквиот вид пијалоци, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата мајка „Whitbread“ се согласила да ја продаде „Costa“ по цена која е 16 пати повисока од овогодинешната нејзината добивка пред камата, даноци, депресијацијата и амортизацијата, изјавија компаниите.

„Топлите пијалоци се едни од малкуте останати меѓу пијалоците како целина, кај кои „Coca-Cola“ нема глобален бренд“, вели извршниот директор на „Coca-Cola“, Џејмс Квинси во соопштението. „„Costa“ ни дава пристап до овој пазар преку силна платформа за кафе“, додава тој.

Производителите на безалкохолни пијалоци бараат нови можности, бидејќи корисниците се свртуваат кон алтернативи на газираните пијалоци со шеќер. Претходно овој месец „PepsiCo.“ договори купување вредно 3,2 милијарди долари на „SodaStream“ која го произведува диспензерот за газирана вода.

„Costa“ е лидер пред „Starbucks“ во Велика Британија и се проширува на пазари како Кина. Ланецот има кафулиња во многу земји преку франшиза. Компанијата беше една од помалку големите синџири за продажба, откако „Nestle“ и инвестициската компанија „JAB“ извршија серија на превземања во сегментот.

„Whitbread“ ја купи „Costa“ во 1995-та година за 19 милиони фунти. Дотогаш таа имаше 39 кафулиња, а сега има над 3.800 локации во 32 земји. Компанијата управува и бизнис со 8.000 машини за самопослужување.

„Whitbread“ изјави во април дека ќе ја одвои „Costa“ како независно јавно тргувана компанија по притисок од инвеститорите, кои велат дека бизнисот треба да е одвоен од хотелските операции.

Продажбата ќе донесе „значителна премија“ на вредноста која би ја имала компанијата, ако беше одвоена во ново друштво, изјави „Whitbread“. Компанијата ќе врати поголемиот дел од приходите кон акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП