3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром подготви 80 отсто од „Турски тек“

Газпром подготви 80 отсто од „Турски тек“

„Газпром“ веќе изградил 80 отсто од вкупниот пат на гасоводот „Турски тек“. Најавата беше дадена од претседателот на „Газпром“ Алексеј Милер на конференција на Денот на работниците во нафтената и гасната индустрија.

„Продолжува спроведувањето на најважните проекти на „Газпром“ на европско ниво. Подготвителните работи за ставањето на цевките на гасоводот „Северен поток 2“ во територијалните води на Германија, во реонот на Љубмин се во тек“, вели Милер.

„Изградбата на гасоводот „Турски тек“ исто така се одвива добро, а по двете линии се положени 1,5 илјади километри цевки или околу 80 проценти од вкупната должина на цевководот“, рече Милер, цитиран од агенциите.

„Газпром“ започна со изградба на морскиот дел од гасоводот „Турски тек“ во мај 2017-та година. Морскиот дел ќе помине низ дното на Црното Море до турското крајбрежје и ќе биде долг 930 километри. Понатаму, линијата за транзит на земјата (втората линија) ќе биде изградена до границата со Турција од 180 километри.

Првата линија ќе биде за турскиот пазар, а втората за снабдување со гас до јужна и југоисточна Европа.

Моќта на секоја линија е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Доставувањето на гас се планираат да започне до крајот на 2019-та година.

„До крајот на 2018-та година „Газпром“ ќе ги заврши основните работи за гасоводот „Силата на Сибир“ за испорака на руски гас за Кина“, додаде Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП