19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHubblephone e телефонот на иднината? (видео)

Hubblephone e телефонот на иднината? (видео)

Сметате дека „iPhone X“ има се? Се додека не го погледнете овој „луд“ паметен телефон кој поседува три екрани, два процесори, четири камери и цена од 2.749 долари.

Смартфонот кој пристигнува од некогашната компанија „Turing Robotics Industry“, дефинитивно ќе го привлече вашето внимание. Компанијата во меѓувреме го промени името и сега се нарекува „Turing Space Industry“, па многумина се прашуваат какви врски оваа компанија со смарт технологијата, односно со телефоните.

Одговорот лежи во нивниот концептен смартфон кој се нарекува „HubblePhone“. Јасна е асоцијацијата на вселенски телескоп „Habl“.

„Turing HubblePhone“ има преклопувачки дизајн и тело кое практично е цел екран.

Телото на телефонот има главна платформа со 11.81-инчен 4K екран кој се простира од предната до задната кривина преку шарки во кои се наоѓа „мамутска“ камера од 60 мегапксели со оптички сум од 15X.

„Горнот ниво“ има два поединечни „HD“ екрани на предната и задната страна, секој има мерка од 5 сантиметри и три камери од 12 мегапиксели.

Телефонот ќе го користи процесорот „Snapdragon 855“ со 8 GB RAM меморија, a поседува 256 GB простор за складирање. Практично, тоа се во основа два ултра моќни паметни телефони поврзани со подвижна шарка. Двете платформи ќе имаат и свои посебни батерии од 2.800 mAh и 3.300 mAh, за горната и главна.

Апликацијата која ги користи најновите технолошки достигнувања може да ја скенира вашата појава и пота во форма на „3D“ објект да ја пренесе во физичкото опкружување на примателот! Иднината пристигна и се нарекува „HubblePhone“.

Oвој неверојатен паметен телефон има исто така неверојатна цена од 2.749 долари, a во продажба ќе се најде пред јуни 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП