19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПремиум модел по цена од средна класа: Xiaomi Pocophone F1 (видео)

Премиум модел по цена од средна класа: Xiaomi Pocophone F1 (видео)

Кинески „Xiaomi“ вчера, на гламурозни настани кои во исто време се одвиваа во Париз, Џакарта и Хонг Конг, го претстави првиот паметен телефон од серијата „Pocophone“.

„Pocophone F1“ го користи моментално најмоќниот процесор „Qualcomm 845“ со брзина до 2.8GHz, додека графичкиот дел е доверен на чипот „Qualcomm Adreno 630“.

Батеријата има капацитет од 4.000 mAh со можност за брзо полнење (Qualcomm Quick Charge 3.0), a опремен е и со „Liquid Cool“ технологија која штити од прегревање.

Уредот има „LCD“ екран со дијагонла од 6,18-инчи, со резолуција од 2.246×1.080p. Обложен е со „Corning Gorilla“ стакло кое гарантира поголема издржливост при пад.

Како и повеќето паметни телефони од сериите „Redmi“ и „Mi“, „Pocophone F1“ e oпремен со три камери: две задни и една предна. Предната инфрацрвена „селфи“ камера од 20MP ја одликува можноста за отклучување на уредот со препознавање на лицетот, како и можноста за препознавање на 10 различни сцени.

Задните „Dual Pixel“ 12MP + 5MP AI камери се збогатени со 1.4μm големи пиксели за светлина и квалитетни фотографии. Препознаваат дури 206 сцени во преку 25 категории, се прилагодува на временските услови, годишното доба и делот од дено, додека „AI“ сегментацијата може да го раздвои субјектот од снимање од позадина, постигнувајќи одличен „bokeh“ ефект. „Pocophone F1“ дури, при фотографирање, го предупредува корисникот, доколку треба да го исчисти објективот на камерата.

Првенецот од серијата „Pocophone“ на „Xiaomi“ во четири различни бои: „Graphite Black“, „Steel Blue“, „Rosso Red“ и „Armored Edition“, a ќе биде достапен во верзии од 6 или 8GB RAM и 64GB, 128GB и 256GB интерна меморија.

Според се уште непотврдените информации, „Xiaomi Pocophone F1“ во Европа пристигнува на 29-ти август, со цена која за основниот модел со 6GB RAM и 64GB интерна меморија би требало да изнесува 399 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП