29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали е ова новиот крал на теренските каравани? (фото+видео)

Дали е ова новиот крал на теренските каравани? (фото+видео)

„Mercedes“ го „вкрсти“ моделот „E Сlasѕ All Terrain“ и „G500 4×4²“ и направи прототип на караван со фантастични теренски способности.

Германскиот производител во 2016-та го лансираше својот прв караван за сите терени – „E Сlasѕ All Terrain“, како директен конкурент на моделите „Audi A6 Allroad“ и „Volvo V90 Cross Country“.

Во „Mercedes“ сфатија дека овој „крос“ караван има потенцијал за многу повеќе, па неговите теренески карактеристики ги подигнаа на едно потполно ново ниво.

Како инспирација им послужи ултимативниот теренец од нивната гама – „Mercedes G500 4×4²“, oд кого ги позајмија тркалата и осовините.

Вака модифицираниот караван има растојани од тлото од дури 42 cm, што е значително повеќе од сериската верзија на „Mercedes E Сlasѕ All Terrain“ кој изнесува 16 cm.

За погон е употребен стандардниот мотор од „Mercedes E400“.

Станува збор за 3.0-литарски „V6“ би-турбо кој испорачува 333 ks (245 kW), додека максималниот вртежен момент е 480 Nm.

Овој, засега, еднинствен автомобил настана по идеа на Јурген Еберле, инженер за развој во „Mercedes“, a со помош на мал тим на луѓе вработени го германскиот производител проектот го реализираше за шест месеци.

Останува да се види дали „Mercedes“ ќе се одлучи да понуди на пазарот ограничена серија, како што тоа го стори со моделите „G63 6×6“, „G500 4×4²“ и „G650 Landaulet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП