22 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSuzuki најавува голема офанзива

Suzuki најавува голема офанзива

suz

Јапонскиот производител на автомобили најави еден куп нови и освежени модели кои ќе се најдат во продажните салони во блиска иднина. Во наредните две години „Suzuki“ ќе претстави нов модел во А сегментот кој ќе биде замена на моделите „Alto“ и „Splash“, како и верзија со пет врати на моделот „Swift Sport“ и интегрален погон во стандардниот „Swift“.

Еден од поинтересните модели е во фаза на подготовка, а станува збор за поширок претставник во Б сегментот кој е по примерот на „Nissan Note“ и „Toyotа Verso“. Ќе биде дизајниран за да ја прошири понудата на „Swift“ и ќе донесе поголем простор за патниците на задната клупа и поголем простор во багажникот. „Suzuki“ има во план да го пушти во сериско производство и необичниот концепт „G70 Regina“.

Во субкомпактниот сегмент компанијата има намера да претстави уште еден неименуван конкурент на „Nissanu Juke“, модел кој ќе биде составуван во унгарските погони покрај моделот „SX4 S-Cross“ кој сега е малку зголемен и е во конкуренција на „Nissan Qashqai“.

И покрај тоа што го задржи името „SX4“ овој модел нема да биде наследник на постоечкиот „SX4“, туку ќе се води како далеку поголем нов модел.

„Grand Vitara“, „Jimny“ и „Kizashi“ ќе бидат напроменети барем уште некое време, иако „Jimny“ ќе мора да го добие системот „ESP“ доколку сака да се продолжи да се продава во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар