21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti го представи Divo – „пожешка“ алтернатива на Chiron (фото+видео)

Bugatti го представи Divo – „пожешка“ алтернатива на Chiron (фото+видео)

Францускиот производител „Bugatti“ го претстави хиперавтомобилот „Divo“, кој е насочена кон клиентите кои сметаат дека моделот „Chiron“ не е доволно спектакуларен. Разлики во моторот помеѓу двата автомобила нема, но кај „Divo“ е променет дизајнот и се подобрени голем дел од компонентите и системите.

„Bugatti Divo“ е изграден во чест на францускиот автомобилски тркач Алберт Диво кој триумфирал на легендарното натпреварување „Тарга Флорино“ во планините на Сицилија во крајот на 20-тите години од минатиот век. Се разбира, Диво го правил тоа со автомобил на „Bugatti“.

„„Divo“ поседува поголема продуктивност при странично забрзување и подобра управливост, особено при преминување на кривини“, коментира шефот на компанијата Стефан Винкелман. Тој додава дека хиперавтомобилот добил надоградба на шасијата и суспензијата, а исто така и намалена тежина.

Ревидираната аеродинамика ја подобрува интеракцијата на возилото со струење, а новиот широк преден спојлер генерира поголема потисна сила и постигнувајќи повеќе воздух во преднитете отвори. Заситеното струење ја подобрува и работата на системот за ладење, а исто така и на сопирачките, бидејќи не им дава да прегреат, дури и во интензивен режим на работа.

Покривот, исто така, делува како влез за воздух со насочување на протокот кон конструираниот мотор. Задниот спојлер на „Divo“ е со 23% поширок од оној на „Chiron“ – 1,83 метри, така што генерира повеќе потисна сила и обезбедува подобрено воздушно запирање.

Вкупните подобрувања на автомобилот обезбедуваат 456 кг. сила на притисок или 90 кг. повеќе од онаа на „Chiron“. „Divo“, исто така, тежи 35 килограми помалку поради помалите тркала, карбонскиот покрив на интеркулерот и голем број други елементи. Сето ова му овозможува на автомобилот да биде 8 секунди побрз од „Chiron“ за круг на патеката „Nardo“. Максималната брзина на „Divo“ сепак е доста пониска – 380 км/ч, додека кај „Chiron“ таа е 420 км/ч.

Промени има и во дизајнот, па „Divo“ изгледа поагресивно поради променетата главна оптика и новите задни стоп светла. Во кабината е користена Алкантара со сини акценти – боја „Racing Blue“. Интересно решение за дизајнерите е да се „затемни“ местото за патникот. Исто така има и нови седишта со подобрени странични потпирачи.

„Bugatti Divo“ е хомологиран за јавни патишта и ќе биде произведен во 40 единици. И покрај нивната солидна цена – 5 милиони евра, тие се веќе продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП