15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Глобалните трошоци за онлајн безбедност

График на денот: Глобалните трошоци за онлајн безбедност

Овие денови, додека сајбер нападите и онлајн измамите се насекаде и има се поголема потреба од било кога да се заштитат приватните или доверливите информации на интернет, приватни и јавни организации, како и поединци кои трошат милијарди за да ги задржат информациите сигурни, коментира „Statista“.

Според последните проценки на „Gartner“ светските трошоци за производи и услуги со кои се гарантира безбедноста на информациите, ќе достигнат 114 милијарди долари во оваа година во однос на 102 милијарди долари во 2017-та година.

Ова се очекува да расте уште повеќе во следната година до 124 милијарди долари.

Како што покажува графиконот, најголемиот дел од огромната сума оваа година се очекува да биде потрошена за услуги за безбедност – 58,9 милијарди долари. Ова претставува повеќе од половина од годишните глобални трошоци.

Трошоците за заштита на инфраструктурата се 14,1 милијарди долари, а потоа безбедносна опрема за мрежите е 12,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП