23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC U12 Life официјално дебитира на крајот од месецот

HTC U12 Life официјално дебитира на крајот од месецот

„HTC“ ќе го претстави својот нов паметен телефон неколку дена пред официјалното објавување. Како што е соопштено на страницата на производителот на „Twitter“, презентацијата е планирана за 30-ти август, ден пред отворањето на саемот „IFA 2018“ што се одржува од 31-ви август до 5-ти септември во Берлин.

Судејќи според тизерот, ова е нов паметен телефон од „HTC U Life“ серијата, во кој се прикажани модели од среден опсег.

Според претходните податоци смартфонот со кодно име „Imagine Life“ е опремен со 6-инчен дисплеј со резолуција „Full HD +“ (2160 x 1080 пиксели), двојна главна камера 16 + 5 MP со фазен автофокус и можност за снимање на 4K видео, а исто така и 13 мегапикселна предна камера со блиц.

Во основата на уредот е осумјадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 636“, комбиниран со 4 GB RAM и 64 GB RАM со можност за проширување со картичка формат „microSD“.

Капацитетот на батеријата е 3.600 mAh.

Има скенер за отпечатоци од прсти, но засега не е познато каде ќе биде неговата локација.

Овој смартфон ќе поддржува две SIM картички, Bluetooth 5.0 и NFC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП