12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHoneywell ја зголеми годишната прогноза по четврти пат

Honeywell ја зголеми годишната прогноза по четврти пат

Производителот на авионски делови „Honeywell International“ ја зголеми годишната прогноза за четврти пат во оваа година и изјави дека ќе добие еднократна дивиденда од 3 милијарди долари од поделбите, кои планира да ги оддели како дел од преструктуирањето на компанијата, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата изјави дека сега очекува приспособена заработка по акција од 8,10 до 8,20 долари за 2018-та година во однос на претходната прогноза во опсег од 8,05 до 8,15 долари за акција.

„Honeywell“ изјави дека ревидираната прогноза ја одразува моќта на крајните нејзините пазари во момент во кој нарачките за комерцијалните авиони напредува. Корекцијата се должи и на сметководствената промена поврзана со некои азбестни пасиви.

Компанијата изјави минатата година дека ќе го одвои бизнисот за дома и за системите за безбедност, како и транспортните системи во две независни јавно тргувани компании до крајот на 2018-та година.

„Garrett Motion“ е делот за транспортни системи, а „Resideo Technologies“ е одделот со производи за дом и безбедноста.

Отцепувањето на „Garrett Motion“ ќе биде завршено до крајот на третиот квартал, а на „Resideo“ до крајот на годината, објаснија од компанијата.

Околу реалниот датум на секое одвојување „Honeywell“ ќе добие еднократни дивиденди од „Garrett“ и „Resideo“ кои вкупно ќе изнесуваат околу 3 милијарди долари. Компанијата има намера да ги искористи за отплата на долгот и откуп на акции.

„Honeywell“ изјави дека двата бизниси се проценуваат на околу 7,5 милијарди долари по годишните продажби.

Акциите на компанијата поскапеа за 2% до 159,6 долари на берзанската трговија во четвртокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП