3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставено најекстремното Lamborghini (фото+видео)

Претставено најекстремното Lamborghini (фото+видео)

Италијанската компанија „Lamborghini“ официјално ја претстави „хардкор“ верзијата „Aventador SVJ“ која успеа да постави рекорд за најбрз круг на „Нирбургринг“. Автомобилот ја мина патеката за 6 минути и 44,95 секунди, така што го подобри за 2 секунди постигнувањето на „Porsche 911 GT2 RS“.

„Aventador SVJ“ се потпира на 6.5-литарскиот V12, кој испорачува моќ од 770 КС. и 720 Nm вртежен момент. Тоа му овозможува на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, а постигнувањето до 300 км/ч трае 8,6 секунди.

Суперавтомобилот добил систем за активна аеродинамика, која може да го менува нивото на влечење и на потисната моќ, а исто така и да ги оптоварува поинаку левата и десната страна на антикрилото во свиоците. Со максимална брзина, компресивната сила достигнува 490 кг.

Во споредба со основниот „Aventador S“, верзијата „SVJ“ доби поинаков преден браник со други отвори за воздух, ново антикрило од карбон, како и голем број на помали подобрувања на каросеријата.

Производството на „Lamborghini Aventador SVJ“ ќе биде ограничено во серија од 900 примероци. Цената на суперавтомобилот започна од 517.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП