27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBritish Airways и Air France ги прекинаа летовите во Иран

British Airways и Air France ги прекинаа летовите во Иран

Британскиот авиопревозник „British Airways“ објави вчера дека ги запира директните летови до иранската престолнина Техеран на крајот на септември, бидејќи тие не се исплатливи, пренесоа светските агенции.

Линијата Лондон-Техеран беше продолжена во 2016-та година, по постигнатиот договор од страна на Иран и западните сили во 2015-та година, што доведе до укинување на голем дел од санкциите против Исламската Република. Претходно, летовите беа прекинати во октомври 2012-та година, поради влошувањето на односите меѓу Велика Британија и Иран.

Пред три месеци, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и почна да ги обновува санкциите против Иран.

„British Airways“, која е во сопственост на шпанската авиокомпанија „IAG“, изјави дека последниот лет за Техеран ќе биде на 22-ри септември со враќање на 23-ти септември.

Велика Британија е меѓу страните на договорот од 2015-та година, потсетува „АР“. Заедно со земјите на ЕУ, Лондон вели дека сака да ги заштити компаниите кои продолжуваат да работат со Иран, но многу компании се повлекоа од земјата по одлуката на САД.

Во меѓувреме и француската авиокомпанија „Air France“ ги запира летовите до Техеран од 18-ти септември поради слабата трговска профитабилност поврзана со американските санкции против Техеран, соопшти раководството на авиопревозникот, цитирано од „AP“.

Превозникот се насочи кон нискотарифната поделба „Joon“ во врските со Техеран, но од 4-ти август летовите се намалени од три пати неделно до еден во неделата, посочи службата за комуникации на групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП