ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Фејсбук“ забранува апликации поради злоупотреба на лични податоци

„Фејсбук“ забранува апликации поради злоупотреба на лични податоци

Социјалната мрежа „Фејсбук“ ја забрани апликацијата за тестирање на личноста „МyPersonality“, поради постоење сомнение дека е можна злоупотреба на податоци на четири милиони корисници.

„Фејсбук“ вчера соопшти дека ја забранил апликацијата, откако утврдил дека податоците на корисниците им биле дадени на истражувачите и на другите компании „со ограничена заштита“.

Социјалната мрежа објави и дека ќе ги информира корисниците на апликацијата чии податоци се злоупотребени.

Одлуката беше донесена по неодамнешниот скандал со компанијата за собирање и обработка на податоците „Кембриџ Аналитика“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП