29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во кој дел од светот луѓето поседуваат криптовалути?

График на денот: Во кој дел од светот луѓето поседуваат криптовалути?

2017-та година беше годината на вистинскиот пробив за криптовалутите. Нивната вкупна пазарна капитализација се крена до невидени височини, привлекувајќи сериозно внимание на медиумите и одобрување од голем број популарни личности, вклучувајќи го боксерот Флојд Мејведер, кон биткоинот и други слични валути, коментира „Statista“.

Во 2018-та година, сепак, настапи пресврт во летот кон небесата. Во декември 2017-та година еден биткоин чинеше речиси 20.000 долари. До крајот на јули оваа година цената на дигиталната валута беше малку над 8.000 долари. А сега, во средината на август, криптовалутата чини околу 6.500 долари.

Овој ценовен пад може да им даде на новите инвеститори можност да влезат на пазарот. Последните резултати на „ING International Survey“ покажуваат дека релативно малку корисници имаат инвестирано во биткоин или други виртуелни валути.

Само 9% од европските потрошувачи велат дека поседуваат некаков вид криптовалута во март 2018-та година во однос на 8% во САД и 7% во Австралија. Во Луксембург и Белгија процентот е најнизок во рамките на Европа, додека 18% во Турција велат дека поседуваат дигитална валута.

Според истражувањето, многу испитаници се загрижени од ризиците да инвестираат во овој вид валути. Во Холандија на пример водечка причина е дека корисниците не се насочени кон криптовалутите и дека луѓето немаат интерес за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП