27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW полека ја открива новата Seriеѕ 3 (видео)

BMW полека ја открива новата Seriеѕ 3 (видео)

„BMW“ постапено открива детали од новиот модел, а во најновото соопштение, покрај видео снимката од пред-продуктивниот тест на автомобилот – објавени се и неколку нови податоци.

Новата, седма генерација на најпродаваната лимузина на „BMW“ ќе има пониско тежиште во однос на актуелниот модел за 10 mm, додека поделбата на масата на возилото по осовини е 50:50. Кога станува збор за тежината на новата „Serieѕ 3“, седанот ќе биде и до 55 kg полесен до однос на претходникот.

Од друга страна, автомобилот ќе биде малку поширок од претходно, а купувачите ќе можат изборно да нарачаат „M“ спортска суспензија, која дополнително го намалува возилото за 10 mm, во однос на стандардната верзија.

„BMW“ тврди дека во рамките на моторизациајта ќе понуди најмоќен четирицилиндарски бензински мотор кој некогаш е вграден во еден сериски модел на баварскиот производител. Сепак, благодарејќи на подобрениот осумбрзински „Steptronic“ автоматски менувач, овој бензинец ќе троши околу 5% помалку гориво, отколку сличен модел од 6-тата генерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП