19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатото семејство во светот стана побогато за 11,6 милијарди долари

Најбогатото семејство во светот стана побогато за 11,6 милијарди долари

„Walmart“ ја објави најдобрата продажба по повеќе од десет години во четвртокот, а како резултат на тоа цената на акциите на компанијата се зголеми за 11% и зголемување на богатството на членовите на семејството Волтон, Алис, Џим, Роб, Лукас и Кристи.

Нивното колективно нето богатство се зголемило до 163,2 милијарди долари, покажува индексот на милијардери на „Bloomberg“ кој ги подредува 500-те најбогати луѓе во светот.

Порастот на акциите на „Walmart“ ги избриша семејните загуби од почетокот на годината.

Продавниците за намирници на „Walmart“, најголемиот продажен ланец, постигнаа најсилен раст во последниве години, благодарение на подобрената свежа храна и поголемиот број онлајн нарачки.

Компанијата со седиште во Бентонвил, Аркананзас вели дека продажбата во продавниците на „Walmart“ во САД се зголемила за 4,5 отсто до крајот на 31-ви јули. Ова е повеќе од двојно повисоко од очекувањата на аналитичарите.

Резултатите на компанијата се светла точка во инаку мрачните предвидувања за физичките продавници за продажба на мало, кои се изложени на закана од трговците како сопственикот на „Whole Foods Markets“, „Amazon.com“.

Богатството на семејството Волтон зависи главно од акциите на „Walmart“. Семејството поседува околу половина од синџирот продавници за продажба на мало преку „Walton Family Holdings Trust“ и холдинг компанијата „Walton Enterprises“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП