Кока-Кола го удвојува својот капацитет за да може да се натпреварува против Пепси за сè попопуларниот „Боди армор“.
„Боди армор“ е американски производител на енергетски пијалаци за спортисти во кој инвестираше и легендарниот кошаркар Коби Брајант.
Се чини дека компанијата стана ноќна мора за ривалите Кока-Кола и Пепси, така што Кока-Кола излезе во јавноста покажувајќи интерес за купување.
Кока-Кола, наводно, веќе купила некои акции во „Боди армор“ за да фати чекор со Пепси и неговиот хит-пијалак „гаторад”.
Според пресметките на медиумите, Кока-Кола ќе стане втор по големина акционер на компанијата, додека Коби Брајант ќе биде трет.
„Гаторад” со децении е на врвот на американската индустрија за спортски пијалаци, односно уделот на пазарот е околу 75 проценти, речиси 8 милијарди долари. Сепак, минатата година продажбата почна да се намалува, па така „Гаторад” неодамна лансираше безалкохолен пијалак, за првпат во својата историја.