24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Италија значително ги намалила инвестициите во инфраструктурата

График на денот: Италија значително ги намалила инвестициите во инфраструктурата

Откако во вторникот во Џенова падна мост на автопат, при што загинаа 35 лица, Италија се уште е во шок и жалост. Додека спасувачите ги пребаруваат остатоците за преживеани, експертите веќе ги испитуваат можните причини за овој толку катастрофален колапс.

Министерот за транспорт на земјата ги повика високите менаџери во компанијата за мостови да поднесат оставка, додека обвинителството објави кривична истрага.

„Моранди“ мостот е изграден во 1967-ма година и има должина од 1,2 км. Обично, таквите мостови се дизајнирани да траат најмалку 100 години со потребното периодично одржување. За време на падот на мостот се вршеле поправки, иако се уште не е јасно дали тоа имало некаква улога за тоа што се случило. Исто така, постојат предлози дека недостатокот на дизајн може да биде одговорен за несреќата.

Беше изразена загриженост и за зголемениот обем на сообраќај на автопат А10 и дали тоа предизвика побрзо од очекуваното абење на структурата. Очигледно, сепак, не е спорно дека инвестициите на Италија во својата патна мрежа паднаа на алармантно ниво.

Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), објавени од „BBC“, покажуваат дека додека Германија, Франција и Велика Британија се потрошија повеќе пари во инфраструктурата во последниве години, италијанските вложувања паднале од 13,66 милијарди евра во 2007-ма до едвај 3,39 милијарди евра во 2010-та година. Има раст само во 2015-та година до 5 милијарди евра, далеку зад Германија (11,69 милијарди евра), Франција (10,01 милијарди евра) и Велика Британија (9,07 милијарди евра), пренесува „Statista“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП