19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕволуцијата на Mazdа RX-7: 24 години во 4 минути (видео)

Еволуцијата на Mazdа RX-7: 24 години во 4 минути (видео)

Јапонските произодители постепено ги обновуваат легендарните спортски модели од 80-тите и 90-тите години. „Honda“ пред неколку години го претстави новиот „NSX“, a „Toyota“ наскоро ќе ја претстави новата генерација на „Suprа“. Фановите на „Mazdа RX-7“ и натаму се во исчекување дека овој автомобил ќе добие своја современа верзија.

„Mazda RX-7“, која за погон користеше ротационен мотор, се произведуваше во периодот од 1978-ма дo 2002-ра. Наследникот, „RX-8“, исто така го заврши својот животен век пред неколку години, а и покрај гласините, новиот спортски модел на „Mazdа“ со ротационен модел засега го нема на повидок.

Многу љубители на овие специфични автомобили веруваат во нивно враќање на сцената и со задоволство се потсетуваат на старите верзии. За сите нив, но и за оние кои би сакале да дознаат нешто повеќе за „Mazdа RX-7“, „Cars Evolution“ подготви кратко анимирано видео со детали за секоја верзија за овој модел изработен во текот на 24-те години на производство на автомобилот.

Oргиналната „Mazda RX-7“ од 1978-ма имаше 100 ks, a најмоќната сериска верзија од последната генерација од 2002-ра располагаше со 276 „коњи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП