20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританскиот синџир „Homebase“ затвора 42 продавници

Британскиот синџир „Homebase“ затвора 42 продавници

Британскиот синџир „Homebase“ за стоки „направи сам“ затвора 42 продавници, што се очекува да доведе до намалување на 1.500 работни места, пренесоа агенциите.

Компанијата соопшти во коминике, цитирано од „AFP“ дека им предложила на доверителите план за реструктуирање, кое предвидува затворање на 42 од вкупно 241 продавници во Велика Британија и Ирска кон крајот на 2018-та и почетокот на 2019-та година. Се очекува да бидат отпуштени околу 1.500 од вкупно 11.000 вработени.

Основана во 1979-та година, компанијата беше купена оваа година од австралискиот сопственик „Westfarmers“ за една симболична фунта од компанијата „Hilco“ специјализирана во реконструкцијата на претпријатија кои западнале во тешкотии.

„Homebase“ објаснува дека продажбата и нејзина профитабилноста силно се влошиле во последните две години, повикувајќи се на „вонредно најтешките“ услови за трговијата, слабата корисничка доверба и намалување на трошоците.

Според неа, многу од нејзините продавници веќе не се исплатливи најмногу поради зголемувањето на кириите.

Падот во секторот на физичката трговија во Велика Британија продолжува, како резултат на конкуренцијата на интернет продажбата, зголемувањето на кирии и внимателноста на корисниците во контекст на „Brexit“.

Илјадници работни места беа затворени по банкротите на продавниците за облека „Calvetron“, на британската филијала на продавниците за играчки „Toys “R” Us“, на трговецот на електронски производи „Maplin“, како и на продавниците за стоки со големо намалување „Poundworld“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП