6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи - УЈП ја објави најновата листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.08/2018 за долгови доспеани до 30.04.2018 и неплатени до 31.07.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.08/2018 објавени се 2.290 должници – правни лица (повеќе за 221 од претходната листа) и 2091 физички лица (повеќе за 279 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2018 изнесува 10.642.529.712 денари, повеќе за 509.561.690 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.502.770.116 денари (повеќе за 504.840.138 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 139.759.596 денари (повеќе за 4.721.552 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП