18 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFerrari најави таинствен модел

Ferrari најави таинствен модел

„Ferrari“ ја покажа првата слика, која укажува на новиот модел на Италијанците, кој ќе биде претставен во средината на следниот месец. Проектот ја носи ознаката „F176“, се претпоставува дека ќе биде изграден врз основа на „812 Superfast“ и ќе го добие називот „812 Monza“.

Најверојатно „812 Monza“ ќе е во дизајнот на концептниот „Ferrari Rossa“ од веќе далечната 2000-та година, дизајнот на новиот модел е дело на „Pininfarina“, како за инспирација е користена легендата „250 Testa Rossa“.

Се уште нема информации за техничките податоци на „812 Monza“, но лесно може да се претпостави дека тие ќе се поимпресивен од оние на „812 Superfast“. Тој модел користи 6,5-литарски V12 мотор со моќност од 800 коњски сили. Моторот работи со 7-брзински автоматски менувач со две спојки. Максималната брзина на „812 Superfast“ е 340 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 2,9 секунди.

Формулата за создавање на „812 Monza“ е слична на онаа на кабриолетот „J50“, презентиран на 50-годишнината од дебито на „Ferrari“ на јапонскиот пазар. Производствената серија на „J50“ е само 10 автомобили, а моделот е базиран на „488 Spider“. Интересно е дека кај „J50“ исто така може да бидат откриени линкови кон класичните модели на „Скудеријата“ од 70-тите и 80-тите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП