17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот на пилотите во "Рајанер" погоди 55.000 патници

Штрајкот на пилотите во “Рајанер” погоди 55.000 патници

Пилотите на ирската нискобуџетна авиокомпанија “Рајанер” во пет европски земји започнаа штрајк, што го принуди авиопревозникот да откаже 400 летови.

Штрајкот на 480 пилоти во Германија, организиран од синдикатот “Кокпит”, започна во 03 часот, а од синдикатите велат дека нема да продолжат со работа до сабота, пренесува агенцијата АП.

Штрајкови се планираат и во Шведска, Ирска, Белгија и Холандија.

“Рајанер” известува дека  над 2.000 летови, или 85 проценти од планираните ќе се реализираат, и дека на околу 55.000 патници погодени од штрајковите им се нуди поврат на парите или можност за промена на распоредот на летот.

Пилотите бараат нови договори со повисоки плати и подобри работни услови. “Рајанер” лета во 37 земји и превезува 130 милиони патници годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП