Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Штрајк на пилотите на ,,Рајанер” во пет земји, откажани над 400 летови

Време: 09:54

Датум: август 10, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Пилотите на „Рајанер“ започнаа 24-часовен штрајк во Белгија, Ирска, Германија и Шведска. Со одлука на холандскиот суд и пилотите од Холандија се приклучија кон штрајкот со кој ќе бидат откажани голем број летови токму во екот на туристичката сезона.

Ирската нискотарифна авиокомпанија веќе откажа 400 од 2 400 летови закажани за денеска поради најавениот штрајк во споменатите земји.

Синдикатот на пилотите во Германија ги повика своите членови да престанат да работат од 3.01 часот наутро до сабота во 14:59 часот, најавувајќи дека штрајкот ќе ги опфати сите летови од Германија.Синдикатот бара поголема плата и подобри работни услови за пилотите на „Рајанер“.

„Сакаме да покажеме дека стоиме зад нашите барања. Во следните недели и месеци предвидувам повеќе штрајкови, кои може да бидат и спонтани“, изјавил Инголф Шумахер, еден од пилотите во компанијата.

Судот во Холандија им одобри на пилотите во земјата кои работат во авиокомпанијата рајанер да се приклучат кон штрајкот во неколку европски земји, а поради кој ќе бидат откажани бројни летови во екот на туристичката сезона.

,,Штрајкот може да се одржи”, соопшти судијата Тео Роел, откако компанијата се обрати до холандскиот суд со барање да се спречи штрајкот на пилотите во земјата.

Со штрајкот во текот на летната сезона ќе бидат погодени повеќе од 55.000 патници. Најмногу од нив во Германија – 42.000. На патниците управата на авиопревозникот им нуди бесплатна промена на терминот на летот или враќање на парите. Дополнителни обештетувања нема да има.

„Рајанер“ лета во 37 земји и превезува 130 милиони патници годишно.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кинеска компанија казнета со 1.3 милијарди долари поради нелегално производство на вакцини против беснило

    Кинеска компанија казнета со 1.3 милијарди долари поради нелегално производство на вакцини против беснило

    Кинеска фирма за вакцини е казнета со 1.3 милијарди долари откако е утврдено дека нелегално ја произведувала вакцината против беснило. Чангчуен Чангшенг мешала различни видови…

  • Раст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

    Раст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

    Приходите на американската компанија „Нетфликс“ во третиот квартал годинава достигнаа четири милијарди долари, што претставува раст од 34 проценти во однос на истиот период минатата…

  • Се затвора комплексот „Македонско село“, владина инвестиција од 6,5 милиони евра

    Се затвора комплексот „Македонско село“, владина инвестиција од 6,5 милиони евра

    Од утре се затвора комплексот „Македонско село“, инвестиција од 6,5 милиони евра што се наоѓа во Нерези, а чиј концесионер е некогашниот градоначалник на општина…

  • Научно се потврди дека Адора Diamond Garden има идеална микроклима и идеални параметри на квалитетот на воздухот во внатрешната градина за домување

    Научно се потврди дека Адора Diamond Garden има идеална микроклима и идеални параметри на квалитетот на воздухот во внатрешната градина за домување

    Микроклиматските параметри во внатрешната градина на станбено-деловниот објект Адора Diamond Garden во Скопје, преку измерената температура, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и топлинското…

  • Coinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

    Coinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

    „Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги…

  • Продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar

    Продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar

    Компанијата Jarra – Food&Beverage од Доха, ги представи продуктите на ФЕДОР на овогодишниот International Products Exhibition and Conference IPEC Qatar кој се одржa од 08 до…

  • Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари

    Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари

    Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари ширум светот од нејзиното формирање во 1984 година. Преку поддршка на 2 400 организации што се занимаваат со…

  • Винчинијадата и грижата за вработените е долгорочен императив за Макпрогрес

    Винчинијадата и грижата за вработените е долгорочен императив за Макпрогрес

    Традиционално и оваа година Макпрогрес Виница организираше Винчинијада 2018, три дневно дружење на вработените со цел јакнење на тимскиот дух, стекнување взаемна доверба и зближување.…

  • „СЕЗНАЈКОВЦИ“ нов едукативно-забавен видео проект за најмладите (видео)

    „СЕЗНАЈКОВЦИ“ нов едукативно-забавен видео проект за најмладите (видео)

    Поттикнати од успехот на првиот детски проект „МИНИ ВЕСТИ“ и желбата да направат што повеќе содржини за деца, во продукцијата ХИТ МЕДИА решија да направат…

  • Ед Ширан платил повеќе даноци од Starbucks и Amazon

    Ед Ширан платил повеќе даноци од Starbucks и Amazon

    Британската поп ѕвезда Ед Ширан платил повеќе даноци во земјата, отколку „Starbucks“ и „Amazon“, објави „The Sun“. Компанијата на 27-годишниот изведувач „Ed Sheeran Ltd.“ ги…