
Спортскиот центар ,,Борис Трајковски” информира дека во изминатиов период интензивно се работи на подобрување на услугите во сите објекти во центарот.


Спортскиот центар ,,Борис Трајковски” информира дека во изминатиов период интензивно се работи на подобрување на услугите во сите објекти во центарот.
,,Во ВИП-базенот се санираше кровната конструкција, се изврши реконструкција на електроинсталацијата и подобрување на осветлувањето, ВИП-аквапаркот доби нов лик со комплетно нова опрема, отворен е третиот шанк, зголемен е бројот на лежалки, има и многу други мали новитети за целосно опуштање и забава на целото семејство.
Во моментов се завршува реновирањето на соблекувалните во ВИП-арената коишто добија сосема нов и модерен лик, од кои едната е ВИП-соблекувална и истата е во завршна фаза од реновирање”, се вели во соопштението.
Исто така, забрзано се работи на обезбедување услови за монтирање на новиот централен семафор во ВИП-арената, којшто се надеваме дека ќе биде поставен до почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во септември. Тоа ќе биде првиот семафор во Македонија од таков тип. Во план е средување на озвучувањето и осветлувањето, трибините, позиции за новинарите и многу други работи со коишто СЦ ,,Борис Трајковски” ќе продолжи да биде најрепрезентативниот спортски објект во Република Македонија.