3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе го прави Duster во Terrano

Nissan ќе го прави Duster во Terrano

Nissan-Terrano

„Nissan“ најверојатно до крајот на 2013-та година ќе им го понуди на купувачите обновениот „Terrano“ кој ќе биде базиран на моделот „Dacia Duster“.

Јапонскиот производител го потврди она што последните неколку дена се шпекулираше во автомобилските медиуми. Исто како и другиот партнер од алијансата, „Renault“ кој на некои пазари го продава „Duster“ под својот знак, „Nissan“ одлучи да стори нешто слично. Меѓутоа за разлика од моделот „Renault Duster“ на кој во однос на романската верзија се извршени незначителни козметички промени на надворешноста, новиот „Terrano“ ќе има значително променет екстериер и препознатливата линија за возилата на „Nissan“.

Покрај истата механичка платформа и пропорции на возилото, целата каросерија ќе биде редизајнирана, а предната маска и фарови ќе бидат стилски обликувани во манирот на теренеците на „Nissan“. Страните на новиот „Nissan Terrano“ се проширени на крилата и потсетуваат на оргиналниот „Duster“.

Што се однесува до моторот, со оглед дека во „Renault Duster“ кој се продава на рускиот пазар е вграден 2.0 литарски бензински агрегат, се очекува „Terrano“ да добие помоќен мотор од оној на романскиот производител. Се шпекулира за 2.0 литарски dCi мотор, но и нов 1.6 dCi агрегат.

„Nissan Terrano“ ќе се произведува во индиската фабрика на групацијата „Renault-Nissan“ во кој веќе се изработува „Renault Duster“ за пазарот во таа земја, како и „Dacia Duster“ кој се извезува во земјите како Велика Британија и Ирска. Засега не е познато на кои пазари „Nissan“ ќе го понуди новиот „Terrano“, a се очекува дека неговата цена ќе биде малку повисока од другите два сродни модели.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП