15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск планира да ги откупи сите акции на Тесла и да...

Илон Маск планира да ги откупи сите акции на Тесла и да ја тргне од берзата

По објавувата на Илон Маск дека една од највредните компании во САД ќе ја повлече од пазарот на акции, пристигнаа реакции, како и прашањето – како е ова можно?

Комисијата за хартии од вредност на САД реагираше на најавата на главниот извршен директор на Тесла, Илон Маск, дека сака повторно да ја приватизира компанијата.

Маск објави дека размислува да ги откупи акциите на Тесла по цена од 420 долари и дека веќе обезбедил средства за тоа. Сепак, тој не даде никакви детали за изворот на финансирање, што е многу важно. Со цена од 420 долари за акција, Тесла би требало да вреди повеќе од 70 милијарди долари.

Аналитичарот на УБС банка смета дека вредноста може да достигне до 88 милијарди долари. По серијата твитови, Тесла исто така објави писмо испратено од Маск до вработените во кое се наведува дека сака Тесла да биде приватна компанија. Се претпоставува дека една од причините е да се тргне од осудата на јавноста и притисокот на инвеститорите. Особено, бидејќи тој самиот призна дека берзата на Тесла и е голем товар.

Тоа што ќе ја тргне од берзата би значело недостаток на пристап до пазарите на капитал, а многумина на Вол Стрит веруваат дека компанијата и те како ќе и треба капитал со цел да ги финансира своите амбициозни планови, а тука се и плановите за изградба на фабрики низ целиот свет, зголемување на производството, лансирање нови модели, изградба на е-станици…

Брокерите се прашуваат дали изјавите на Маск се вистинити и зошто тој одлучил да ги открие своите планови токму на Твитер.

На Маск не му е забрането да ги открива своите планови на социјалните мрежи, но овој потег во берзантскиот свет се смета за многу необичен, особено со оглед на тоа што Маск веќе ја објави цената по која тој сака да ги купи акциите.

“Тоа е многу чудно”, рече професорот на Правниот факултет Ван Пенер Хенинг.

“Не се води така корпоративно управување – вие не објавувате цена и потоа преговарате”, додава тој.

Правните експерти велат дека главното правно прашање е дали Маск точно зборувал за неговите планови и дали ги изоставил некои информации што требал да ги открие.

Тоа особено се однесува за тврдењето на Маск дека тој веќе ги обезбедил потребните средства.

“Не е забрането да изнесе ваква изјава се додека тоа е вистина, а не манипулација”, рече Том Горман, партнер во адвокатската фирма D & В.

“Зборуваме за милијарди долари, доколку ги има, во ред, но ако ги нема тогаш е во проблеми, бидејќи презентираше лажни информации и кои можат да имаат влијание”, додава Горман.

Акцијата на Тесла денес вреди 370,34 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП