18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЊујорк тајмс ќе достигне бројка од четири милиони претплатници

Њујорк тајмс ќе достигне бројка од четири милиони претплатници

Еден од најпознатите светски дневни весници Њујорк тајмс наскоро ќе има четири милиони претплатници, изјави генералниот директор на весникот, Марк Томпсон.

Весникот во второто тромесечје на годинава добил 109.000 нови претплатници само за дигиталното издание. Њујорк тајмс кон крајот на јуни имал 2,89 милиони дигитални претплатници, а вкупно 3,8 милиони со оние кои што се претплатени на печатеното издание.

До крајот на 2016 година, по предизборната кампања за претседателските избори, весникот доби околу милион нови претплатници.

,,Наскоро ќе имаме три милиони дигитални претплатници, односно четири милиони со претплатниците на печатеното издание”, изјави Томпсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП