22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThomson Reuters објави раст на приходите, но пад на профитот

Thomson Reuters објави раст на приходите, но пад на профитот

Медиумската организација „Thomson Reuters“ забележа 2% раст на приходите за кварталот и ја потврди својата прогноза за 2018-та година, наведувајќи дека е на пат да забележи една „стабилна“ година, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата објави дека нејзините приходи за вториот квартал достигна 1,31 милијарди долари во споредба со 1,28 милијарди долари од пред една година.

Ако се отстранат некои елементи, добивката е 17 центи по акција, под 19-те центи по акција пред една година.

Аналитичарите очекуваа 1,31 милијарда долари во приходи и 11 центи по акција.

„Thomson Reuters“ забележа 6% пад на оперативната добивка до 201 милиони долари кои тврди дека се должат на трошоците и инвестициите пред планираната продажба на мнозинскиот удел од „Financial & Risk“ на „Blackstone Group“.

Во јануари „Thomson Reuters“ објави дека ќе продаде мнозински удел од единицата „Financial & Risk“ што продава податоци и вести главно на клиенти од финансискиот сектор. Договорот со „Blackstone Group“ се очекува да биде финализиран на почетокот на четвртиот квартал.

Прилагодената „EBITDA“ на компанијата падна за 8 проценти на 348 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП