26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07.-31.07.2018 година вкупниот промет изнесувал 912.262.388 денари и е намален во однос на јуни за 6,59 отсто. 

Класичното тргување изнесува 385.880.968 денари и е намалено во однос на јуни за 50,03 отсто кога изнесувало 772.230.430 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 328.898.500  денари и обврзници во вредност од 56.982.468 денари.

Блок трансакциите за јули изнесувале 526.381.420 денари и се зголемени за 161,59 отсто во однос на јуни.

Бројот на трансакции во јули изнесувале 1.996 и се намалени за 37,57 отсто во однос на јуни кога изнесувале 3.197.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, и Гранит АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за јули 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП