17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД подготви нов сет на царини за кинески стоки од 16 милијарди...

САД подготви нов сет на царини за кинески стоки од 16 милијарди долари

САД ќе започне со наметнувањето давачки во износ од 25% на дополнителни кинески стоки за 16 милијарди долари по две недели, зголемувајќи ги уште тензиите во трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, пишува „Bloomberg“.

Новите царински давачки се додаваат на 25 отсто данок на стоки за 34 милијарди долари, воведени на почетокот од јули. Околу 50 милијарди долари во финалната листа на производствени давачки на речиси 50 милијарди долари, листа во која се наоѓаат 280 производи.

Од канцеларијата на американскиот трговски претставник посочуваат дека од 23-ти август ќе почне собирањето на даноците за вкупно 279 производи, што претставува намалување од првичниот список од 284 производи.

Новата листа вклучува производи кои се движат од мотоцикли до турбини на пареа и железнички вагони.

Ова е втор пат, во кој САД воведуваат давачки против Кина во последниот месец, и покрај поплаките од американски компании дека ваквите активности ќе ги зголемат трошоците за бизнис и потрошувачките цени. По најавата на Вашингтон од Пекинг, тие ветија реципрочен одговор на американските производи со иста вредност.

Во меѓувреме наскоро тензиите може да се зголемат дополнително, бидејќи од канцеларијата на американскиот трговски претставник го разгледуваат евентуалното зголемување на 10-процентните царини на САД врз кинески стоки за 200 милијарди долари до 25%. Можно е обновените давачки да стапат на сила уште на 6-ти септември.

Америкнскиот претседател Доналд Трамп дури навести дека не е исклучено давачките да го опфатат целиот кинески увоз, кој минатата година достигна над 500 милијарди долари.

САД и Кина се обидуваа да продолжат со преговорите меѓу себе на високо ниво, кои завршија откако администрацијата на Трамп ги донесе царините за 34 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП