28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот и забрани на „Кроација ерлајнс“ да штрајкува

Судот и забрани на „Кроација ерлајнс“ да штрајкува

Судот во Хрватска донесе привремена одлука дека не допушта штрајк во „Кроација ерлајнс“ поради големата штета што би се нанела со тоа, а утре ќе продолжи расправата кога ќе биде донесена одлука за законитоста на штрајкот.

„Доколку судот одлучи дека штрајкот е законски, оваа привремена мерка ќе биде укината, а во тој случај штрајкот ќе започне најрано в недела“, изјави правникот на Синдикатот, Албин Хотиќ.

Тој смета дека судот згрешил со проценката за привремената мерка, бидејќи се повикал на одредба дека ќе настане преголема штета, истакнувајќи дека смислата на штрајкот е токму тоа да произведе штета.

„Да се повикате на штета во случај на штрајк е контрадикторно, тоа е контрадикција во самата интерпретација. Штрајкот е законско нанесување на штета на работадавачот, кој на тој начин се присилува да направи нешто што инаку не би го направил“, рече Хотиќ.

Претходно, минатата недела работниците на авиокомпанијата соопштија дека од среда ќе почнат со штрајк. Тие пред еден месец го одложија најавениот штрајк бидејќи хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, им вети дека ќе ги реши проблемите со државниот авиопревозник. Од Синдикатот соопштија дека премиерот не го исполнил договорот и работниците се принудени повторно да штрајкуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП