Компанијата „Hyundai“ сака да го направи дизајнот на идните модели повеќе од експресивен и емоционален од оној на „Alfa Romeo“. Секое возило од гамата на компанијата треба да биде уникатно, но да ги зачува линиите на компанијата, а брендот да се разликува по унифицираниот дизајн.
Ова го објави во интевју за „Automotive News“ потпретседателот за дизајн на „Hyundai Motor“ – Сан Јуп Ли. Пред да пристигне во корејската компанија, тој работел над дизајнот на прототипите „Chevrolet Camaro“, „Corvette Stingray“ и „Bentley EXP 10 Speed 6“.
„Автомобилот е емоционален производ и ние сакаме да го понудим токму тоа чувство кај луѓето. „Maserati“ и „Alfa Romeo“ се многу „секси“ машини, па дури и германските брендови го користат италијанскиот стил. Таквата емоција и убавина не можат да бидат откриени при масовните брендови. Затоа и мисијата ни е да станеме подобри од „Alfa Romeo“ во дизајнот“, коментира Ли.
Во април, главниот дизајнер на „Hyundai“ – Лук Донкерволке, го опиша како „досаден“ користениот од компанијата пристап каде што сите модели на брендот се во еден стил. Тогаш тоа вети да го поправи овој недостаток на индивидуалност, а според него дизајнерите треба да ги земат предвид специфичноста на секој модел. Првите модели на „Hyundai“ со новиот дизајн ќе излезат следната година.