6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBerkshire со добри резултати и готовина од 111 милијарди долари

Berkshire со добри резултати и готовина од 111 милијарди долари

Компанијата на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway Inc.“ објави дека профитот во вториот квартал од 2018-та година се зголеми за 67% во однос на претходната година, соопшти „Reuters“.

Железничката единица на холдинг-компанијата „BNSF“, како и добрите резултати на осигурителот „Geico“ се главната причина за добрите податоци.

„Добри резултати се евидентираат во речиси сите единици во компанијата“, вели Даг Кас, кој преку својот фонд „Seabreeze Partners Management Inc.“ кој неодамна купи акции на „Berkshire“, на тој начин очекуваше пад во нивната цена.

Оперативната добивка на компанијата порасна до 6.89 милијарди долари или близу 4.190 долари по акција од класа А, во однос на 4,12 милијарди долари или 2.505 долари по акција за пред 12 месеци.

„Berkshire“ заврши на 30-ти јуни со слободни средства во вредност од 111,1 милијарди долари.

Најголемата позиција на компанијата на Бафет денес е „Apple“, која во текот на изминатата недела стана првата во САД, која ја поминала границата од 1.000 милијарди долари.

Книговодствената вредност на една акција на „Berkshire Hathaway“ се зголеми за 2,8% во првите шест месеци од годината и сега изнесува 217.677 долари.

За последно акцијата на „Berkshire Hathaway“ се тргуваше со единечна цена од 304.671 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП