Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Британците се зависници од мобилни – своите телефони ги проверуваат на секои 12 минути

Време: 16:46

Датум: август 3, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Велика Британија во изминатата деценија е развиена култура на дигитална зависност, што значи дека повеќето жители чувствуваат потреба постојано да бидат поврзани на интернет, објави Националната агенција за телекомуникации во годишниот извештај.

Во просек, Британците ги проверуваат своите паметни телефони на секои 12 минути, а 40 проценти од возрасните, мобилниот телефон го земаат в раце пет минути по будењето, објави „Офком“ во својот извештај.

Шеесет и пет проценти од лицата помлади од 35 години посегнуваат по своите телефони веднаш штом ќе ги отворат очите наутро, додека 60 отсто од нив ги користат уредите пет минути пред да си легнат, се вели во извештајот насловен како „Една деценија дигитална зависност“. Бројот на сопственици на паметни телефони во Велика Британија од 17 отсто во 2008 година, се зголемил на 78 проценти во 2018, што всушност значи дека мобилни уреди поседува 95 отсто од населението на возраст меѓу 16 и 24 години, се наведува во истражувањето.

„Офком“ вакви статистики спроведува секоја година, а во последниот извештај заклучува дека времето поминато во телефонски разговори за првпат бележи пад бидејќи луѓето за комуникација сè повеќе користат сервиси како WhatsApp, Facebook Messenger и други, кои се базирани на пристап до интернет.

„Во последната децениј, животот на луѓето драстично се промени поради зголемената употреба на паметни телефони, подобриот пристап до интернет и новите комуникациски услуги“, вели Иан Макри од „Офком“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тројно зголемен бројот на британски компании заинтересирани за влез во Германија

    Тројно зголемен бројот на британски компании заинтересирани за влез во Германија

    Бројот на британски компании што ја истражувале можноста да основаат свои подружници во Германија годинава се зголемил за трипати поради загриженоста дека брегзит ќе ги…

  • Заев: Ги јакнеме капацитетите на општините за учество во економскиот развој

    Заев: Ги јакнеме капацитетите на општините за учество во економскиот развој

    Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министри во Владата на Република Македонија учествуваше на конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, во организација…

  • Adobe објави мешани резултати и ја ревидираше својата прогноза

    Adobe објави мешани резултати и ја ревидираше својата прогноза

    „Adobe“ ги објави финансиските резултати за четвртиот квартал и за фискалната 2018-та година. Како и обично, инвеститорот на „Photoshop“ изјави дека податоците ги демолираа корпоративните…

  • Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

    Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

    Германската централна банка Бундесбанк изрази уверување дека економијата на земјата брзо ќе успее да го надмине последното забавување, иако предупреди за надвиснати ризици на протекционизмот…

  • Град Скопје и Македонски Телеком ги носат „Парни Ваљак“ на новогодишната ноќ

    Град Скопје и Македонски Телеком ги носат „Парни Ваљак“ на новогодишната ноќ

    Град Скопје како организатор и Македонски Телеком како главен покровител на пречекот на Новата 2019 година на плоштадот „Македонија“, на радост на сите сограѓани подготвија…

  • М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

    М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

    М-НАВ потпиша договор со производителот „Леонардо“ од Италија за набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи…

  • Обложувалниците не веруваат во Реал, Сити се први фаворити за титулата

    Обложувалниците не веруваат во Реал, Сити се први фаворити за титулата

    Манчестер Сити, според водечките светски обложувалници, ја имаат пол-позицијата за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Согласно резултатите во досегашниот дел од сезоната, Реал…

  • Температурата открива МНОГУ за вашето здравје: Ако е висока, тоа е добро…

    Температурата открива МНОГУ за вашето здравје: Ако е висока, тоа е добро…

    Телото најдобро функционира на 36,7 ° C, иако понекогаш температурата е повисока, понекогаш пониска. Треба да знаете што значат тие скокови и да реагирате на…

  • One UI со официјална видео презентација

    One UI со официјална видео презентација

    „Samsung“ објави официјална видео презентација на новиот графички кориснички интерфејс, кој наскоро ќе го видиме во новите и актуелни паметни телефони на компанијата. Видеото е…

  • НБРМ ја одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи

    НБРМ ја одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи

    На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на…