Група американски сенатори поднесоа предлог-закон, кој вклучува понатамошно зајакнување на санкциите против Русија, соопштија претставници на Демократската и Републиканската партија.
Се вели дека нивниот предлог е да се воведат нови рестриктивни мерки, кои првенствено се однесуваат на рускиот државен долг.
Покрај тоа, санкции ќе бидат наметнати и против некои други руски политичари и бизнисмени.
Инаку, во предлог законот се наведува дека ќе биде формиран Националниот центар за борба против “руски дезинформации”, како одговор на “хибридните закани”, но ќе бидат ограничени и инвестициите во енергетските проекти од страна на руските државни компании.
– Сегашниот режим на санкции не ја опфати Русија поради изборите. Нашата цел е да се смени овој статус – кво, како и да се наметнат најсилни санкции досега, кои директно ќе бидат насочени против “Путиновата Русија” – изјави сенаторот Линдзи Греам на Републиканската партија.
Според него, овие санкции ќе бидат најсилни досега наметнати против Русија.
Тој додаде дека санкциите би останале на сила се додека Русија не ги одложи сајбер нападите врз САД и не ја промени својата политика во Украина и во Сирија.
– Директна одговорност за ова ја сноси претседателот Владимир Путин, – заклучи Греам.