14 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel го најави своето ново лице (видео)

Opel го најави своето ново лице (видео)

Германскиот производител „Opel“ покажа дел од прототип наречен „GT X Experimental“, кој има за цел да ја претстави новата дизајнерска концепција на брендот. Моделот треба да се претвори во симбол на преминувањето на „Opel“ и „Vauxhall“ под крилото на концернот „PSA Group“, а целосна премиера ќе се одржи до крајот на годината.

Идејата е дека идните модели на германските и британските производители треба да ги имаат истите „лица“. Судејќи според сликите, под покривката што ја подигна шефот на „Opel“, Михаел Лошелер, е скриен хечбек. И со оглед дека првиот модел на брендот со новиот дизајн ќе биде следната генерација на „Corsa“, „GT X Experimental“ е веројатно претходник на овој автомобил.

Прототипот е без традиционалната решетка на ладилникот, што е доказ дека тоа е електричен автомобил. „LED“ фаровите и „GTX“ решетката се спојуваат во едно, а „Opel“ го споредува ова решение со заштитниот дел од ветер на кацига. Од таму доаѓа името – „Vizor“.

Веќе е потврдено дека новата генерација на „Corsa“ ќе добие и целосно електрична верзија, која ќе излезе на пазарот во 2020-та година. Стандардниот модел ќе се појави во 2019-та година, а ќе биде изграден на платформата на концернот „PSA“. Тоа ќе биде во основата на следниот „Peugeot 208“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП