24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНевообичаено топлото време ги погоди резултатите на Thomas Cook

Невообичаено топлото време ги погоди резултатите на Thomas Cook

Топлото време ова лето го погоди профитот на тур-операторот „Thomas Cook“, бидејќи повеќе луѓе останаа дома, наместо да резервираат одмор во последен момент, објави „ВВС“.

Иако компанијата забележа 11% раст на летните резервации, тие се успоруваат во последниве недели, достигнувајќи го нивото од минатата година.

Како резултат на тоа, компанијата очекува нејзината годишна добивка да биде под пазарните предвидувања.

„Thomas Cook“ обично го генерира целокупниот годишен профит во текот на летото.

Главниот извршен директор Питер Франкхаусер изјави дека вкупниот раст на резервациите за летување помогнаа за компензирање на доцнењето.

„Клиентите на нашите европски пазари ги одложија одлуките за летните одмори, бидејќи се радуваат на рекордните температури дома“, објасни тој.

Сепак аналитичарите остануваат оптимисти за долгорочната иднина на компанијата, а „Jefferies“ коментира: „невообичаеното време во оваа година не влијае на нашите долгорочните инвестиции, кои остануваат непроменети“.

Акциите на „Thomas Cook“ се зголемија за повеќе од 3% во вторникот наутро.

Резервациите направени во Велика Британија се зголемија за 1%, но цените се зголемија за 7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП