26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle тврди дека овој уред ќе ги заштити вашите профили од хакери...

Google тврди дека овој уред ќе ги заштити вашите профили од хакери (видео)

„Google“ демонстрираше нов метод на логирање, при што корисниците мораат да се поврзат на специјален уред – хардверски клуч, со цел да пристапат до своите профили преку компјутер или лаптоп.

Клучот, наречен „Titan Security Key“, прво ќе биде понуден на бизнис корисниците на „Google Сloud“ сервисот, а потоа и за сите заинтересирани корисници преку интернет продавницата на „Google“.

Целта на хардверскиот клуч е да се подобри безбедноста на профилите. Корисникот ќе може да се логира преку уредот само ако харверскиот клуч е во близина.

Компанијата веќе некое време нуди и други безбедносни методи, вклучувајќи верификација во два чекори преку мобилна апликација или текстуални пораки.

„Titan Security Key“ ќе биде понуден во две верзии: една за поврзување со компјутер преку „USB“, а другиот модел користи „Bluetooth“ за бежично поврзување со мобилен телефон.

Уредот има специјален „firmware“ со кој „Google“ проверува дали обидот за локирање е успешен. Хардверските клучеви користат „FIDO“ стандард, а исто така работат и на различни интернет страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП