27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir India тоне во долгови

Air India тоне во долгови

Индиската авиокомпанија „Air India“ се повеќе тоне во долгови и покрај финансиската поддршка, што ја одобри владата по неуспехот во процесот за нејзина приватизација, информира „Ројтерс“.

Три банки и две компании за лизинг на авиокомпании испратија писмени известувања за износите на кредитите на „Air India“ во текот на изминатите неколку недели.

Веста предизвика загриженост во врска со финансиската состојба и кредитоспособноста на индискиот државен оператор.

Американската компанија „Wells Fargo Trust Services“ и „Dubai Aerospace Enterprise“ (DAE) испратија писма за исплата поради неплатени износи.

„DAE“ одби да коментира што се случува, додека од „Air India“ не можеа веднаш да дадат конкретно мислење за ова прашање.

Три банки, претставнички на финансиски конзорциум од вкупно 22 кредитни институции, исто така испратиле пораки до „Air India“, изразувајќи загриженост дека индиската компанија се претвора во „неефикасна актива “.

Во изминатиот месец Индија најави план за продажба на 76% од акциите на „Air India“ поради недостиг на интерес од понудувачите, како своевиден амбициозен обид да биде спасена авиокомпанија.

Владата ќе продолжи да ги поддржува финансиските барања на компанија, додека се работи на алтернативни варијанти за справување со проблемот, изјави министерот за цивилна авијација во Индија,Џајант Синг, без да даде конкретно објаснување за нов план.

„Почекајте до крајот на август. Владата ќе ни даде пари, а потоа ќе ви платиме. Ве молиме, да не преземате никаква правна постапка“, велат од „Air India“, според директорот на една од кредитните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП