5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите ракометари ја прегазија Белорусија

Младите ракометари ја прегазија Белорусија

Младата ракометна репрезентација на Македонија, играчи до 20 години, триумфираа на ЕХФ-шампионатот, што вчера заврши во Скопје. Избраниците на Данило Брестовац во финалето ја победија Белорусија 29:23 (15:10). Со оваа победа Македонија се пласираше во „А“ дивизијата.

Македонските надежи очекуваа тежок и неизвесен натпревар со Белорусите, меѓутоа начинот на кој влегоа во пресметката им донесе рутински триумф.

Доминираше македонската одбрана во воведниот дел од мечот, нападот беше течен, па по 15 минути игра младинците имаа предност 7:3. Во вториот дел од првото полувреме одличниот голман Петковски овозможи предноста да биде сочувана и на полувреме Македонија да има комотна предност 15:10.

Македонија го диктираше ритамот и во вториот дел, победникот дефинитивно го реши во 43.минута кога на семафорот стоеше 23:14.

Голманот Петковски блескаше со 14 интервенции, а стрелците ги предводеа Танковски со осум, Јагуриновски со седум, односно Шилегов и Арсеновски со по шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП